Метели е фирма која е формирана на 1 август 1962 година. Од 1970 година компанијата која беше формирана како работилница за механички инжињеринг стана производител на делови за возила.
А од 1975 година опсегот на продукти ги вклучувал сопирачките и плочките, во 1991 Метели започнува со производство на зглобови, а 8 години подоцна започнува и производство на полуосовини.
Во 1996 Метели се спои со Цифам, компанија која е производител на делови за сопирање на возилата. Во Јули 2001 година групацијата Метели ја откупи компанијата Граф, светски познат производител на водни пумпи.
Денеска Метели е групација која произведува повеќе од 13,000 позиции са сите видови возила кои се дистрибуираат во повеќе од 90 земји во светот.