Компанијата Пирбург од самото свое основање има удел во автоиндустријата и во самиот развиток на возилата воопшто. Основана во 1909 година во Берлин како компанија за тргување со челик, Пирбург почна да произведува карбуратори во 1928 и наскоро прерасна во едениствениот добавувач на сите германски и на многу интернационални производители на возила. Во 1986 година копанијата е превземена од страна на Реинмелат групацијата.
Пирбург е специјализиран бренд во самата групација во полето на издувните гасови, систем за снабдување на воздух и вентили за гас на моторите. Нејзиното децениско искуство и сеопфатна, иновативна и реномирана експертиза кога станува збор за моторите, обезбедуваат идеални основи за Пирбург во тековниот развој и производство на нови компоненти, модули и системи. Денеска како и на самиот почеток, Пирбург игра активна улога во создавање на иднината на автомовилите.