Групацијата Шефлер е глобален бренд кога станува збор за производство на афтермаркет делови и првовградени делови во автомобилите ширум светот. Од своите почетоци, компанијата Шефлер се карактеризира со важни иновации во автомобилската индустрија. Главните развојни центри на групацијата Шефлер се наоѓат во Херцогенаурах, Швајфурт и Бул во Германија.
Камен-темелник на групацијата каква ја познаваме денеска го поставија браќата Вилхем Шефлер и Џорџ Шефлер во 1946 година со основањето на друштвото со ограничена одговорност. Подемот на компанијата започна кога др. Џорџ Шефлер го измисли иглениот кафез во 1949 година.
Денеска групацијата Шефлер е во самиот врв кога станува збор за производство на автоделови во светот со 90,000 вработени и годишен приход од околу 13 милиони евра.